HomeАктуелноНепријатна средба со диви свињи на Водно, три уплашени девојки безбедно евакуирани

Непријатна средба со диви свињи на Водно, три уплашени девојки безбедно евакуирани

Сношти три девојки, кои се симнувале од врвот на Водно, по 23.00 часот, кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи. На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу уплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило, велат од ЦУК.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во 23.42 часот од пријавувачката на итниот случај е добиена на 112 во ЦУК повратна информација дека полициско комбе дошло на лице место, во коешто била и нивна братучетка, и дека се веќе се безбедни.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.