Во следните денови Балканот повторно ќе го зафати ладен бран од Сибир, кој ќе донесе невообичаено ниски температури за октомври. Според метеоролошките прогнози, веќе на почетокот на следната седмица се очекуваат утрински мразеви и минусни вредности, особено во внатрешноста на земјата.
Можно е да има и врнежи од снег, најпрво на планините и повисоките места, но не се исклучува појава на снегулки и во пониските предели.
Метеоролозите предупредуваат дека ладното време ќе продолжи и во ноември, кога се очекуваат повремени продори на студен воздух од Сибир и температури под просекот за овој период од годината.
Активната појава на Ла Ниња на Пацификот, велат стручњаците, е главната причина за раното заладување и можните снежни врнежи. Ноември, според прогнозите, ќе биде и поврнежлив месец со натпросечно количество врнежи низ Балканот.
