HomeАктуелноОвие граѓани ќе може да бидат ослободени од плаќање на патарини, тврди Бочварски

Овие граѓани ќе може да бидат ослободени од плаќање на патарини, тврди Бочварски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се подготвени да излезат во пресрет на барањето за ослободување од плаќање патарини на онколошките пациенти од источна Македонија, кои мораат често да патуваат во Скопје за терапиите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По увидот во градежните работи за браната на реката Отиња во Штип, министерот Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека темелно ќе го разгледаат барањето и ќе им помогнат на сите на кои им треба помош.

Отворени сме да разговараме за сите овие прашања. Кога ќе стигне барањето од заинтересираните граѓани или здруженија на граѓани или од страна на одредени институции, ќе го разгледаме и како и секогаш во минатото кога сме излегувале во пресрет, така и денеска ова прашање ќе биде темелно разгледано и можам да ве убедам дека државата ќе им даде поддршка на сите оние граѓани на кои им е потребна помош. Оваа Влада покажа и денеска и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид-криза, кога има енергетска криза, е овде да им помогне на граѓаните, рече министерот Бочварски.

Меѓу Скопје и Штип, на новиот автопат, има три патарини. За одење до Онкологија во Скопје и за враќање, освен за бензинот, пациентите одвојуваат и по 320 денари за патарини.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.