HomeАктуелноПознато кога почнува исплатата за дополнителна помош на пензионерите

Познато кога почнува исплатата за дополнителна помош на пензионерите

„До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине законот за финансиска поддршка којшто очекувам во Собранието следната недела да биде изгласан, затоа што е од исклучително значење за граѓаните“, рече неодамна Јованка Тренчевска од МТСП.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претходно Владата одлучи за пензионерите кои земаат пензија до 14.000 денари да добиваат и 3000 денари дополнителна помош во наредните пет месеци, додека пензионерите кои добиваат пензија од 14 до 16 илјади да добиваат 2.000 денари помош, а пензионерите кои добиваат меѓу 16 и 19 илјади денари да добијат 1.500 денари.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.