HomeАктуелноПочина 63-годишен велосипедист во сообраќајка со товарно возило

Почина 63-годишен велосипедист во сообраќајка со товарно возило

На 01.12.2023 во 12.10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, кај место викано „Ѓубриштето“, товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(26) од с.Гарани, кичевско, удрило во велосипед управуван од Ј.С.(63) од Кичево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од здобиените повреди на местото починал велосипедистот, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.