Силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Петровац на Млава утрово околу 9 часот и 30 минути.
Како што изјави за Телеграф.рс сеизмологот Славица Радовановиќ, таков земјотрес во областа не е регистриран цели 15 години.
Таа објасни дека појавата на земјотрес во околината на Свилајнец не е чудна бидејќи одамна го немало.
Тоа не е ништо чудно, земјотрес од ваква јачина сигурно не се случил на тоа подрачје некои 15 години. Толку долго – појаснила таа за српски Телеграф.
Да потсетиме, земјотресот беше силно почувствуван во Свилајнец, а читател А.М. известува дека „штотуку пукнало нешто и потоа почнало да се ниша“.
