HomeАктуелноСледува значителен пад на температурите, снег низ Македонија – Детална прогноза за следните денови

Следува значителен пад на температурите, снег низ Македонија – Детална прогноза за следните денови

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни. Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 14.12.2023
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни. Само на највисоките врвови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен.

Прогноза за 15.12.2023
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 4°C до 9°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Прогноза за 16.12.2023
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: -1°C до 4°C

Променливо облачно, претпладне на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.