Повеќе од 760 летови беа откажани на аеродромот во Минхен поради обилните врнежи од снег во Германија.
Обилните врнежи во снег ја зафатија и Австрија и Швајцарија.
Минхен е парализиран од 40 сентиметри снег, па запре и железничкиот транспорт. Состојбата на патиштата е исто така премногу лоша.

Лошото време ги наруши и железничките услуги во Баварија, а главната железничка станица во Минхен привремено беше надвор од функција. Привремено беа суспендирани железничките врски кон другите германски градови, но и кон австриските градови Салцбург и Инсбрук. Некои патници во Минхен и Улм мораа да преноќат во возовите.

Полицијата го повика населението да остане дома додека итните служби и службите за чистење снег работат на враќање на нормалниот живот.
Подземната железница, автобусите и трамваите, исто така, првично престанаа да сообраќаат во главниот град на Баварија. Регистрирани се и бројни сообраќајни несреќи на патиштата, од кои според полицијата повеќето се со материјална штета.
Германската метеоролошка служба очекува неповолните временски услови да продолжат, и од југот на Германија да се прошират на север, а температурата да се спушти до -15 степени. Во делови од соседната покраина Баден-Виртемберг во текот на ноќта паднаа и до 40 сантиметри снег, поради што многу дрвја се соборени, а има и блокирани патиштата. Според полицијата, 54-годишен возач загинал кога неговото возило се завртело и се судрило со комбе синоќа во градот Еминген-Липтинген. Возачот на комбето не е повреден.

фото: powerinfo.mk
Е.Р
