Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Известување:
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Сезонски режим на сообраќај:
Од 15 април, патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила.
Работи на пат во регионот:
Од 21 мај 2026 година, во 08:00 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата.
На 20 април ќе започне времена измена на сообраќајот поради санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државниот пат А1, делница Плетвар-Прилеп и истата ќе трае до завршувањето на санацијата. Сообраќајната согласност е со рок на важност од шест месеци.
Во периодот од 14 април 2026 година, во 08:00 часот, ќе се изведуваат градежни активности на Државниот пат А2 делница Гостивар-Стража на мост бр. 7, Вијадукт на Дол, км 105+332 со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.
На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
Од 13 март 2026 година започнаа активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) „Пријателство“, делница Смоквица-Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.
Од 30 декември 2025 година има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп-Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101.
На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка „Волково“ до клучка „Кондово“. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).
Од 12 септември 2025 година започна градежна активност-санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти-Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.
Виадукт Трејд Дооел од 1 септември 2025 година започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај-времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар-Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Според известување од Виадукт Треј Дооел Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп-Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп-Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.
