На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, а за сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон02 25 61 502 – стои во соопштението на јавното претпријатие.
