HomeАктуелноСОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид организира Хуманитарен новогодишен базар

СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид организира Хуманитарен новогодишен базар

Хуманитарен новогодишен базар ќе се одржи на 28 декември во дворот на СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид со почеток во 18 часот, средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат донирани во инклузивната игротека ,,Радост”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во пресрет на новогодишните празници и весело дочекување на новата година, а со желби за убаво испраќање на старата, Ве покануваме заеднички да се дружиме и радуваме во убав амбиент на уште поубава тема – Хуманитарен новогодишен базар. – велат од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”.

Средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат донирани во инклузивната игротека ,,Радост”.

На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан. Вашето малку, некому значи многу. – додаваат од училиштето.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.