HomeАктуелноУапсен затвореник кој избегал од затвор во 2015 година

Уапсен затвореник кој избегал од затвор во 2015 година

На 07.06.2023 околу 22.40 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од с.Мојанци, скопско.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.