Вечерва се случи сообраќајна несреќа на улица Железничка во Охрид, во несреќата учествуваа две возила, дознава редакцијата на powerinfo.mk
На местото на настанот увид врши увидна екипа на СВР Охрид, а на местото можеше да се забележи и итната медицинска помош.
Оваа улица во моментов е затворена, а истата ја регулира сообраќајната полиција при СВР Охрид.
Е.Р
