HomeАктуелноЦариниците во Охрид и Скопје спречиле нелегален внес на 84 часовници и 7560 парчиња накит

Цариниците во Охрид и Скопје спречиле нелегален внес на 84 часовници и 7560 парчиња накит

Спречен обид за кримчарење на 84 часовници Касио, како и 7.560 парчиња накит по извршена контрола од страна на царински службеници од царинските испостави Охрид и Аеродром Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Непријавените часовниците се откриени при контрола на возило на царинска испостава Охрид кое се пријавило за увозно царинење. Имено во увозната декларација декларирани се 66 парчиња рачни часовници од марката Касио, но при контрола на стоката утврден е вишок на производи што не се опфатени со декларацијата, односно непријавени 84 часовници од истата марка.

Непријавениот накит пак, односно 7.560 парчиња обетки и 7 килограми циркони се откриени при контрола на патните торби на турски државјанин кој допатувал со авион од Истанбул. Непријавените производи се запленети, и поведени се соодветни прекршочни постапки.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.