ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕСТАБИЛНОСТ
Во моментов Охридско Струшкиот Регион е зфатен со силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Правец на движење на нестабилната облачна маса е од југозапад кон североисток.
До крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
