Во вчерашното невреме во Прилеп гром удрил во една куќа и предизвикал пожар, кој потоа се проширил и на соседните три куќи.
Пожарот се случил на улица Козара околу полноќ, а четирите куќи целосно изгореле.
ТППЕ Прилеп веднаш интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари и го гаснела огнот до три часот по полноќ, кога и бил изгаснат.
Нема повредени лица.

НАСТАН КОЈ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА, гром предизвика пожар во Прилеп| ФОТО
