HomeАктуелноЈСП: Бесплатен јавен превоз за летниот распуст за средношколците

ЈСП: Бесплатен јавен превоз за летниот распуст за средношколците

Средношколците ќе користат бесплатен јавен превоз за летниот распуст, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“- информираат од ЈСП.

Од ЈСП дополнуваат дека од понеделник (12.06.2023 год) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.