Влада: Oбезбедуваме по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација
Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата. Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15.
