HomeАктуелно5-ти Октомври – Денес е Светски ден на наставниците

5-ти Октомври – Денес е Светски ден на наставниците

Наставникот е срцето на образовниот систем. Човекот кој ги отвора прозорците на иднината и несебично ја открива тајната за справување со идните предизвици кои ги носи животот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во знак на сеќавање на 5 октомври 1966 година, кога е усвоена Препораката на Меѓународната организација на трудот-МОТ и на УНЕСКО, во врска со статусот на учителите/наставниците, во 1994 година, овој ден е прогласен за Светски ден на учителите.

Светскиот ден на наставниците се одбележува во партнерство и со УНИЦЕФ.

Препораката содржи одредници во однос на правата и одговорностите на наставниците и стандардите за нивна почетна подготовка и понатамошно образование, регрутирање, вработување и услови за предавање.

Со усвојувањето на стратегијата за одржлив развој за образованието и постигнување на зацртаната цел (одредба содржана во Агендата 2030 за одржлив развој усвоена од членките на УН во 2015 година) за признавање на наставниците, како клучен фактор во постигнувањето на активностите на Агендата во делот на образованието.

Учителите имаат значајна улога во детскиот развој преку нивниот придонес во образувањето и воспитувањето, преку менторирање, мотивирање и афирмација на знаењето што им го пренесуваат на децата. Нивната улога на педагози и воспитувачи е подеднакво важна и во улогата на пријатели на учениците и заштитници на креативниот и интелектуален развој на младите генерации.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.