HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ се прости од градоначалникот на Бревеница Илиевски: Секогаш беше меѓу народот

ВМРО-ДПМНЕ се прости од градоначалникот на Бревеница Илиевски: Секогаш беше меѓу народот

ВМРО-ДПМНЕ се простија од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски, кој ненадејно почина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Со длабока тага и неверување ја примивме веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, претседател на Општинскиот Комитет Брвеница и градоначалник на општината.

Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.

Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати.

Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби.

Ќе го паметиме како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.

ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти, упатува длабоки сочуство кон семејството на Јовица Илиевски, и ја споделува тагата заедно со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа.

Вечен спомен!, напишаа од партијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.