HomeАктуелноИлинден – Ден на Св. Илија — голем македонски, национален и православен празник

Илинден – Ден на Св. Илија — голем македонски, национален и православен празник

Илинден или Ден на Св.Илија — голем македонски, национален и православен празник, кој се одбележува на втори август.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на втори август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.

Дом и ги моли наречниците на новороденото да му одредат поубав живот, на друго место испратен од Бога ги казнува арамиите и го смирува царството, на трето место се заканува дека на денот кога ќе му биде името со рофја ќе го уништи веков, па сестри му Марија и Магда не му кажувале кога е тој ден, „еднуш му велеле оту уште не дошол, а друг пат оту поминал и така го дочувале светот нерасипан досега”.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, Св. Илија трчал со кочијата по облаци за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај и да удрело ќе расипело и убиело. Ламјата од страв кај ќе ѝ се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.