HomeАктуелноПоведена истрага за неовластено производство на марихуана во Пепелиште

Поведена истрага за неовластено производство на марихуана во Пепелиште

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен жител на селото Пепелиште за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Осомничениот, како што информира ЈО, во сопствениот дом, засадил 20 семки од растението канабис, растенијата ги одгледувал и неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. При претресот извршен на 12 јули, полицијата кај него пронашла 19 садници, како и хартиена вреќа со гранки, лисја и семки од канабис.

По предлог на надлежен јавен обвинител, судијата на прeтходна постапка од Основниот суд во Кавадарци донесе Решение за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои упатуваат дека тој би можел да го повтори делото.​​

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.