HomeАктуелноПриведени двајца криумчари на мигранти од Гевгелија, поднесена кривична пријава

Приведени двајца криумчари на мигранти од Гевгелија, поднесена кривична пријава

На 19.07.2022 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.М.(20) и З.М.(22), двајцата од Гевгелија, поради сомнение дека со возило „ауди а8“, со гевгелиски регистарски ознаки, превезувале четири лица мигранти (три од Пакистан и едно од Сирија).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, во 18.20 часот на регионалниот пат Р1102, возилото било запрено за контрола, возачот и совозачот избегале, а во возилото биле пронајдени мигрантите, кои биле сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Набргу, по преземени мерки и по пребарување на теренот биле пронајдени и лишени од слобода П.М. и З.М.. Тие биле приведени во Полициската станица Велес и во координација со Јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по итна постапка по член 418 од Кривичниот законик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.