Сообраќајна несреќа во Охрид, повредено 84 годишно лице
На 05.09.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода" во Охрид, патничко возило „рено меган" со охридски регистарски ознаки, управуванo од Б.С.(26), удрил во Р.Т.(84), двајцата од Охрид. Притоа, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо"
