HomeАктуелноДрама во Кичево – Пукал на семејна веселба во кичевско, неколку лица се ранети, од кој една малолетничка

Драма во Кичево – Пукал на семејна веселба во кичевско, неколку лица се ранети, од кој една малолетничка

На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишија од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија. Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон”, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.