HomeАктуелно„Tелеграф.рс”: Доцнење со исплата на кирија, причина за крвавиот масакр во Цетиње

„Tелеграф.рс”: Доцнење со исплата на кирија, причина за крвавиот масакр во Цетиње

Според извори на Телеграф, убиецот Вук Бориловиќ, масакрот го извршил по расправија со семејство кое живеело кај него како потстанари, откако претходно настанала кавга за нерасчистени сметки и доцнење со исплаќањето на киријата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Телеграф пишува дека Бориловиќ ја притискал жената која била потстанар да ги исплати сметките што е можно поскоро, по што жената се пожалила кај нејзиниот сопруг, кој бил на пат. По овие настани, некаде околу 16 часот во куќата пристигнал пријател на семејството, по што настанала расправата, а Бориловиќ најпрвин посегнал по животот на семејниот пријател, а набрзо пукал и го убил и семејството кое живеело во куќата, за на крај да излезе на улица каде започнал да пука во случајни минувачи. Напаѓачот наводно ја спречувал брзата помош да им пријде на жртвите пред да биде убиен од страна на полициските сили. Според информациите, до скоро, Бориловиќ се лечел во психијатриска установа.

Во масакрот во Цетиње според неофицијални информации настрадаа 11 лица, меѓу нив и деца а повредени се најмалку 6, од кои три се потешко повредени и се наоѓаат во Општата болница Цетиње. Тие се на одделот за хирургија и лекарите се борат за нивните животи.

Полицијата го застрела напаѓачот кој уби 11 и рани 6 лица во Цетиње

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изрази жалење за масакрот во Цетиње со порака дека ваква трагедија не се памети во Црна Гора.

„Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње“,

напиша Абазовиќ на Телеграм.

РТЦГ неофицијално дознава дека Абазовиќ, заедно со министри од Владата, ќе ги посети ранетите кои се хоспитализирани.

Тридневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.