Групна тепачка во казино, физички нападнати неколку лица
Денеска (13.09.2023) во 00.45 часот во СВР Скопје, О.Ш.(47) од Скопје пријавил дека на 12.09.2023 околу 22.30 часот во казино на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, тој и М.Ш.(20) биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
