Бектеши најави дека од март 2024 минималната плата ќе достигне 22.500 денари
Министерот за економија, Крешник Бектеши сподели со јавноста дека од следната година минималната плата во земјава ќе изнесува 22.500 денари. Најниска плата во државата од март 2024 година минимум 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата за 2017 година, објави Бектеши на социјалните мрежи.
