Физички нападнат полициски службеник во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(38) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста". Тој, на 04.07.2023 во Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додаваат од СВР Охрид.
