Возило се запали во близина на Градиште
На 08.05.2023 во 21.30 часот во возило „југо" со охридски регистарски таблички, кое се движело во авто - кампот „Градиште" во Охрид, управувано од Д.К.(31) од селото Пештани, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
