Засилени сообраќајни контроли на територија на СВР Охрид
На 26.11.2023 во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-20, Струга-12, Кичево-14, Дебар-16), информираат од СВР Охрид.
