Пожар во нива во атарот на селото Песочан
На 17.09.2023 година во 12.10 часот во СВР Охрид e пријавено дека во нива во атарот на селото Песочан, општина Дебрца, сопственост на В.Б.(66) од истото село, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, велат од СВР Охрид.
