Приведен млад охриѓанец, кај него полицијата пронајде марихуана
На 07.08.2023 околу 22.00 часот на улица „Даме Груев" во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа М.П.(20) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
