Приведено едно лице на плажа, кај него полицијата пронајде дрога
На 19.07.2023 година околу 16 часот, на плажа во охридскиот туристички комплекс „Орце Николов", приведен е С.Ѓ.(28) од Охрид и при извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
