Охридската полиција затекна малолетници во угостителски објект во Охрид
На 21.05.2023 година во 00.40 часот, при извршени контроли по угостителски објекти во Охрид, полициските службеници во еден објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски" констатирале присуство на малолетни лица. Против правното и одговорното лице, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
