Home2023 (Page 419)

На 17.06.2023 во 14.40 часот во СВР Охрид е приведена Е.Д.(43) од Ресен, која претходно била затекната при кражба на производи од маркет во Охрид. Предметите се вратени на сопственикот, а против неа ќе биде поднесена соодветна пријава , информираат од СВР Охрид.

Безживотно човечко тело е забележано во реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско, соопшти предмалку Центарот за управување со кризи Како што велат од ЦУК, полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови, но безуспешно. Поради големиот водостој телото се движи кон Неготино.

Втората џиновска ајкула беше забележана како плива покрај шпанското крајбрежје само еден ден откако седум метри голема ајкула ги преплаши капачите на друга плажа. Ајкулата, опишана како тинтоера, утринава била видена како плива во водата во пристаништето Сиутадела, Менорка. На видеото кое кружи на социјалните мрежи, може

Пејачката Сара Мејс покажа како ужива покрај базенот во дворот од својата куќа во шик костим за капење. Познатата македонска пејачка Сара Мејс реши да го искористи убавото време и да се релаксира покрај базенот во својот дом. Таа позираше во своите нови два модели на костими

Дали знаете колку витамин Д треба да внесувате дневно за да го зајакнете вашиот имунитет? Еве ги одговорите и една заблуда во која не треба да верувате! Со можен исклучок на витаминот Ц, можеби нема витамин за кој повеќе се зборува од витаминот од сончевите зраци.

На 17.06.2023 во 17.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Ј.Т. од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава , информираат од СВР Охрид.

Утре и во вторник краткотрајно ќе има постабилно и значително потопло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 31 степени. Во среда попладне времето ќе биде нестабилно во западните делови,

На 18.06.2023 година во 04,35 часот, во СВР Охрид приведен е Д.Б.(27) од Охрид. Тој, агресивно се однесувал кон полициските службеници кои на улицата „Егејска" во Охрид преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава , инфрмираат до СВР Охрид.

Помеѓу лицата кои со возило со косовски регистарски таблички при вчерашната сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце има еден малолетник, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи Според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16-годишен малолетник.

На 17.06.2023 околу 23 часот, во охридското село Трпејца, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Ф. врз Н.Ф.(18), двајцата од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава , информираат од СВР Охрид.