Приведен охриѓанец, физички ја нападнал неговата вереница
На 21.06.2023 во 07.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.Г.(35) од Охрид бидејќи во семејниот дом, физички ја нападнал неговата вереница. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
