Home2023 (Page 720)

Добар ден на сите, чуден ден денеска. Две чувства се развиваат кај мене. Првото чувство е нормално чувството на почит кон Македонецот, кон великанот Гоце Делчев за тоа што го сторил за Македонија, за тоа што го направил за македонскиот народ во својата би рекол

Расправање и недоличен однос на административни службеници од владиниот протокол кон новинарски екипи, нелогични правила кои ограничуваат влез на новинари и физички ги дели новинарите од снимателите од местото на настанот, игнорантски однос на новинарски прашања, селективно издавање акредитации на медиумите се дел од пропустите

Владина делегација денеска положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје по повод 151-годишнината од неговото раѓање. Делегацијата е предводена од заменик министерот за финансии Филип Николоски, а во нејзин состав беа и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој

Со високи државни почести, мирно и достоинствено, како што доликува на големиот, светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, денеска оддадовме почит пред неговото вечно почивалиште, во чест на неговото раѓање пред 151 година на денешниот датум, 4 февруари, објави

По повод 151-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје. - Во чест на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и национален херој, денеска положив свежо

По повеќе од еден и пол век од раѓањето на македонскиот револуционер, уставотворец и државник, тој останува синоним за храброст, посветеност, просветителство и лидерство, пишува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во неговата честитка по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев. По повод 151 -

Прв роденден на Гоце со специјалци, барикади и полициски хеликоптери, коментира лидерот на Левица Димитар Апасиев за денешните скандали околу честувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС, пишува тој. извор: ФБ

Иако бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски првично најави дека ќе дојде во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска тој сепак остана во Благоевград, каде од пред споменик ги упати своите вообичаени провокации и пораки.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара итна реакција од владините служби за овозможување услови и пристап за соодветна работа на новинарите и снимателите при следење на одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Протоколот за следење на овој настан претставува елементарно

И навивачката група Комити пристигнаа на одбележувувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Моментално, секој поединечно минува низ полициска проверка за да може да пристапат до црквата Св.Спас. „Нека разберат клетите Татари, македонско име нема да загине“, грмат „Комитите“, порачувајќи „Чиста Македонија“. По завршувањето на